Во Музејот на град Кратово денеска ќе биде отворена тематската етнолошка изложба „Везот – белег на традицијата во Кратовскиот регион“, која има за цел да го претстави везот од Кратовскиот регион од фондот на текстилни етнолошки предмети при Музејот на град Кратово.

Од Музејот наведуваат дека посетителите ќе можат да го видат везот на текстилните етнолошки предмети коj бил создаван од вредните раце на кратовските жени кои со својата инвентивност создале голем број на ремек дела.

Со изобилството на форми со разновидни орнаментални решенија, почнувајки од застапеноста на старите традиционални, со докажани естетски вредности, до оние пренесувани од разни индустриски орнаментирани изработки, преку мостри пренесувани од други краеви, се до поновите кои во естетска смисла значат опаѓање на естетскиот критериум. Затоа Музејот на град Кратово одлучи да ви го престави везот на текстилните етнолошки предмети од Кратовскиот регион како дел од материјалната култура како наше национално богатство изработувано од вештите раце на овој народ и кој останува да се чува во етнолошката збирка на Музејот – посочија од Музејот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.