Македонските музичари Владимир Костов и неговата долгогодишна соработничка Марија Вршкова, одржаа рецитал во Њујорк. Тоа беше воедно и премиерна изведба на дел од музиката од филмот “Мајки”.
Прекрасен проект за прекрасната публика и одличната организација.Со уживање ги изведовме познатите филмски теми од македонски и американски филмови збогатени со видео инсерти. Концертот е дел од меѓународните проекти поддржани од Министерство за култура. Благодарност до Горазд Попоски за одличната организација, напиша Костов на социјалните мрежи.
Претходно на 45.издание на Денови на македонска музика, Вршкова и Костов беа наградени со наградата „Георги Божиков“, која Сојузот на композитори на Македонија ја доделува на музички уметници и ансамбли за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори во текот на една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.