Ве известуваме дека веста дека е формирана нова писателска асоцијација – Македонски центар за литература е лажна вест, информираат од Македонски центар за литература.
Македонски центар за литература е здружение на граѓани.
Пред малку добивме препратена информација од некаков лажен мејл (informapluszdruzenie@gmail.com) во кој стои:„По бројните турбуленции изминатиов период во Друштвото на писателите на Македонија, поголема група писатели и издавачи одлучи да основа нова асоцијација на македонските писатели – Македонски центар за литература.Основачи на Македонскиот центар за литература се: издавачите Ненад Стевовиќ и Светлана Кочовска – Стевовиќ, како и преведувачите и автори Владимир Јанковски, Иван Шопов и Николина Андова – Шопова.Претседател на асоцијацијата е Владимир Јанковски.“Дејноста на асоцијацијата е врз база на слободно пристапување и зачленување, а од неа се дел видни писателски имиња од македонската литература.“Ве информираме дека ова не е официјално соопштение на Македонскиот центар за литература.Исто така, Ве информираме дека контекстот на основањето на здружението не е поврзан со „бројните турбуленции изминатиов период во Друштвото на писателите на Македонија“.Македонски центар за литература е организација која не е асоцијација на писатели, ниту нејзините активности се поврзани со случувањата во Друштвото на писателите на Македонија.Целта на здружението Македонски центар за литература е промоција на литературата и културата на читањеЕдноставно некој направил лажна адреса на gmail, и од неа пратил сооштение кое е лажно и кое нема врска со целите и активностите на Македонскиот центар за литература, ниту за контекстот во кој е формиран. Ве молиме да ја имате предвид оваа информација, информира Владимир Јанковски, писател и претседател на Македонски центар за литература.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.