Вечерва во Битола, на сцената на “Благој Стефановски – Баге“ на Народниот театар на затворањето на 23. по ред Фестивал на монодрамата во Битола, публиката ќе ја има можноста да ја гледаат претставата чест на наградените на  Драмски Театар-Скопје, “Странци“. Драматург на претставата е Викторија Рангелова Петрова, а режијата на Нела Витошевиќ.

На фестивалот на мондрамата што го организира НУ Центар за култура од Битола се одиграа 13 претстави, од 11 земји.

Пред изведбата на претставата ќе биде прогласување на наградените, а покрај главната награда “Гран При“, актерите кои учествуваа на 22. издание на Фестивалот на монодрама ќе добијат награда за режија, награда за најдобар актер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.