Програмата на Кинотека денеска се заокружува за месец март со проекции на филмовите „Фараонот, дивјакот и принцезата“, белгиски анимиран филм кој беше номиниран за наградата „Лимиер“ и освои номинација за награда на Европскиот филмски фестивал во Севилја, Шпанија.

Следуваат „ВАВИЛОН“ (Babylon) на Дамиен Шазел (Damien Chazelle), веројатно еден од најзборуваните филмови на сезоната. Опишуван како „Љубовно писмо до Холивуд“, новиот филм на Шазел (автор на постмодерната мелодрама ЛА-ЛА-ЛЕНД) е приказна за преголема амбиција и големиот успех, која ги следи подемот и падот на неколку ликови низ ерата на нескротливиот раскош и изопаченост во раниот Холивуд.

Од домашните кинотечни бисери ќе биде прикажан КАДЕ ПО ДОЖДОТ (Where After the Rain) во режија на Владан Слијепчевиќ (Vladan Slijepcevic). Со Али Ранер, Илија Џувалековски, Олга Спиридоновиќ и Станислава Пешиќ во главните улоги, овој македонски филм од 1967 година ја раскажува сторијата за Лела, ќерка на родители чие учество во војната им овозможило успешни кариери. Таа ги има сите предуслови за лесна и богата егзистенција. Можеби затоа, младата девојка се спротивставува на малограѓанското разбирање на животот.

31 МАРТ (ПЕТОК), 17:00 ч.

ФАРАОНОТ, ДИВЈАКОТ И ПРИНЦЕЗАТА

(Le pharaon, le sauvage et la princesse / The Black Pharaoh, the Savage and the Princess)

Анимиран филм, Белгија / Франција

2022, 83 мин., колор, ДЦП

Режија: Мишел Осело (Michel Ocelot)

Сценарио: Мишел Осело (Michel Ocelot)

Гласови: Серж Багдасаријан, Клер де ла Ру ди Кан, Оскар Лесаж, Ајша Мајга, Дидие Сандр (Serge Bagdassarian, Claire de la Rüe du Can, Oscar Lesage, Aïssa Maïga, Didier Sandre)

 

Три шарени и софистицирани анимирани приказни од Судан, од средновековна Франција и од Турција од 18 век. Нараторот во филмот ги исполнува желбите на публиката и им раскажува приказни какви што посакуваат гледачите.

Фимот на Мишел Осело беше номиниран за најдобра номинација на доделувањето на наградите „Лимиер“ во Париз, а филмот освои номинација за награда на Европскиот филмски фестивал во Севилја, Шпанија.

Филмот е нахсинхронизиран на македонски јазик.

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 150 денари

31 МАРТ (ПЕТОК), 19:00 ч.

КАДЕ ПО ДОЖДОТ

(Where After the Rain)

Игран филм, Македонија

1967, 91 мин., црно-бел, 35 мм

Режија: Владан Слијепчевиќ (Vladan Slijepcevic)

Сценарио: Јован Ќирилов (Jovan Kjirilov)

Улоги: Али Ранер, Илија Џувалековски, Олга Спиридоновиќ, Станислава Пешиќ (Ali Raner, Ilija Dzuvalekovski, Olga Spiridonovic, Stanislava Pesic)

 

Лела е ќерка на родители чие учество во војната им овозможило успешни кариери. Таа ги има сите предуслови за лесна и богата егзистенција. Можеби затоа младата девојка се спротивставува на малограѓанското разбирање на животот.

Момчето за кое треба да се мажи, во почетокот така инспиративно во своите постапки и размислувања, сега значи уште едно разочарување повеќе. Некогаш туѓ, конформизмот и за него станува единствен начин на живот. Поради тоа, при една случајна средба, Лела му се подава на едно сосема непознато момче.

Не можејќи до крај да се спротивстави на наметнатите норми на средината во која се наоѓа, таа го прифаќа и го прави она што другите го очекуваат и го бараат од неа. Филмот завршува со текстот: „Постои време за плач и време за смеа… време кога се стекнува и време кога се губи“, од Книгата на Пророкот, глава 3.

КАДЕ ПО ДОЖДОТ во 1967 Меѓународниот филмски фестивал во Авелино ја доби наградата „Лацено д’Оро“.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

31 МАРТ (ПЕТОК), 21:00 ч.

ВАВИЛОН

(Babylon)

Игран филм, САД

2022, 189 мин., црно-бел/колор, ДЦП

Режија: Дамиен Шазел (Damien Chazelle)

Сценарио: Дамиен Шазел (Damien Chazelle)

Улоги: Бред Пит, Маргот Роби, Џин Смарт, Диего Калва, Ли Џун Ли (Brad Pitt, Margot Robbie, Jean Smart, Diego Calva, Li Jun Li)

 

Веќе дефиниран како „Љубовно писмо до Холивуд“, новиот филм на Шазел – автор на постмодерната мелодрама ЛА-ЛА-ЛЕНД – е приказна за преголемата амбиција и големиот успех, која ги следи подемот и падот на неколку ликови низ ерата на нескротлив раскош и изопаченост во раниот Холивуд.

Дејствието на филмот е сместено во Лос Анџелес во 20-те години од минатиот век, во времето кога филмската индустрија е на пресвртната точка од нем кон звучен филм. Бред Пит го игра ликот на Џек Конрад, актер чија кариера е на замирање, и неговиот карактер е втемелен на холивудските легенди од првите децении на 20-тиот век, Џон Гилберт, Клерк Гебл и Даглас Фернбанкс.

Негов опозит е амбициозната актерка Нели ЛаРој (Маргот Роби), идна старлета која е на почетокот на кариерата која многу ветува. Ликот потребен да биде сочинет совршен триаголник е асистентот на режија Мени Торес (Диего Калва, новото актерско откритие на денешниот Холивуд), пред кого е иднината во оваа приказна за „блескавото лудило на златната ера на Холивуд.

ВАВИЛОН на Шазел до сега веќе освои над 140 номинации за награди, освои 31 признание, меѓу кои и три номинации за „Оскар“.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 200 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.