На програмата на Кинотека денеска е ВАВИЛОН (Babylon) на Дамиен Шазел (Damien Chazelle), веројатно еден од најзборуваните филмови на сезоната. Опишуван како „Љубовно писмо до Холивуд“, новиот филм на Шазел (автор на постмодерната мелодрама ЛА-ЛА-ЛЕНД) е приказна за преголема амбиција и големиот успех, која ги следи подемот и падот на неколку ликови низ ерата на нескротливиот раскош и изопаченост во раниот Холивуд.

ЛЕТОТО КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ (Leto kada sam naučila da letim / How I Learned to Fly) на Радивое Раша Андриќ (Radivoje Raša Andrić), пак, е нежна приказна за созревањето и помирувањето на дванаесетгодишната девојка Софија, која мора да го мине летото со нејзините здодевни баби.

 

2 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 21:00 ч.

ВАВИЛОН

(Babylon)

Игран филм, САД

2022, 189 мин., црно-бел/колор, ДЦП

Режија: Дамиен Шазел (Damien Chazelle)

Сценарио: Дамиен Шазел (Damien Chazelle)

Улоги: Бред Пит, Маргот Роби, Џин Смарт, Диего Калва, Ли Џун Ли (Brad Pitt, Margot Robbie, Jean Smart, Diego Calva, Li Jun Li)

 

Веќе дефиниран како „Љубовно писмо до Холивуд“, новиот филм на Шазел – автор на постмодерната мелодрама ЛА-ЛА-ЛЕНД – е приказна за преголемата амбиција и големиот успех, која ги следи подемот и падот на неколку ликови низ ерата на нескротлив раскош и изопаченост во раниот Холивуд.

Дејствието на филмот е сместено во Лос Анџелес во 20-те години од минатиот век, во времето кога филмската индустрија е на пресвртната точка од нем кон звучен филм. Бред Пит го игра ликот на Џек Конрад, актер чија кариера е на замирање, и неговиот карактер е втемелен на холивудските легенди од првите децении на 20-тиот век, Џон Гилберт, Клерк Гебл и Даглас Фернбанкс.

Негов опозит е амбициозната актерка Нели ЛаРој (Маргот Роби), идна старлета која е на почетокот на кариерата која многу ветува. Ликот потребен да биде сочинет совршен триаголник е асистентот на режија Мени Торес (Диего Калва, новото актерско откритие на денешниот Холивуд), пред кого е иднината во оваа приказна за „блескавото лудило на златната ера на Холивуд.

ВАВИЛОН на Шазел до сега веќе освои над 140 номинации за награди, освои 31 признание, меѓу кои и три номинации за „Оскар“.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 200 денари

2 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 19:00 ч.

ЛЕТОТО КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ

(Leto kada sam naučila da letim / How I Learned to Fly)

Игран филм, Србија / Хрватска / Бугарија / Словачка

2022, 87 мин., колор, ДЦП

Режија: Радивое Раша Андриќ (Radivoje Andrić)

Сценарио: Јасминка Петровиќ (Jasminka Petrović)

Улоги: Клара Хрвановиќ, Олга Одановиќ, Сњежана Синовчиќ, Жарко Лаушевиќ (Klara Hrvanović, Olga Odanović, Snježana Sinovčić, Žarko Laušević)

 

ЛЕТОТО КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ е нежна приказна за созревањето и помирувањето. Дванаесетгодишната Софија (Клара Хрвановиќ) сонува за кампување со друштвото и за својот прв бакнеж. Сепак, приморана е летото да го помине во трошната семејна куќа на Хвар, со својата напорна баба Марија (Олга Одановиќ) и откачената баба-тетка Луце (Сњежана Синовчиќ).

Без своето друштво, надвор од телефонската мрежа и без Интернет, животот на Софија на Хвар е „пекол“, но монотонијата набргу ја прекинува необичното однесување на баба Марија. Софија насетува дека е во прашање тајна романса, но големата истрага за љубовниот живот на бабата доведува до откривање на една долго чувана семејна тајна.

Со нови пријателства, симпатии и авантури, Софија го добива своето летување од соништата, но и многу повеќе одошто можела да сонува.

Филмот на Андриќ победи на Меѓународниот филмски фестивал во Софија и на BUFF International Film Festival, а освои номинации за награди на уште неколку регионални и светски фестивали.

 

Возрасна категорија: 10 години

Влезница: 150 денари

2 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 17:00 ч.

ФАРАОНОТ, ДИВЈАКОТ И ПРИНЦЕЗАТА

(Le pharaon, le sauvage et la princesse / The Black Pharaoh, the Savage and the Princess)

Анимиран филм, Белгија / Франција

2022, 83 мин., колор, ДЦП

Режија: Мишел Осело (Michel Ocelot)

Сценарио: Мишел Осело (Michel Ocelot)

Гласови: Серж Багдасаријан, Клер де ла Ру ди Кан, Оскар Лесаж, Ајша Мајга, Дидие Сандр (Serge Bagdassarian, Claire de la Rüe du Can, Oscar Lesage, Aïssa Maïga, Didier Sandre)

 

Три шарени и софистицирани анимирани приказни од Судан, од средновековна Франција и од Турција од 18 век. Нараторот во филмот ги исполнува желбите на публиката и им раскажува приказни какви што посакуваат гледачите.

Фимот на Мишел Осело беше номиниран за најдобра номинација на доделувањето на наградите „Лимиер“ во Париз, а филмот освои номинација за награда на Европскиот филмски фестивал во Севилја, Шпанија.

Филмот е нахсинхронизиран на македонски јазик.

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 150 денари

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.