Влезот во Музеј на македонската борба за самостојност утре ќе биде слободен во чест на Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај. Музејот ги поканува сите заинтересирани да ја посетат постојаната поставка во редовното работно од 10 до 18 часот.
Оваа година, Меѓународниот совет на музеите ИКОМ го одбележува денот на музеите 18 мај со темата „Музеи, одржливост и благосостојба“.
Тие имаат свој придонес во општеството за постигнување на целите за одржлив развој: од поддршка на климатските активности и поттикнување на инклузивноста, до справување со социјалната изолација и подобрување на менталното здравје, стои во соопштението од НУ Музеј на македонската борба за самостојност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.