Изложбата „Првите 30“ на Касиопеја Наумоска e поставена во галеријата на Кинотеката во Скопје. Поводот за оваа изложба е тридецениското творештво на уметницата Наумовска.

Уметноста е единствената сериозна работа на овој свет, а уметникот е единствена личност што никогаш не е сериозна. Целта на уметноста е да ја открие уметноста и да го скрие уметникот. Уметноста ни овозможува да се изгубиме и да се пронајдеме себеси, во исто време. Можеш да гледаш во некоја слика цела недела и потоа никогаш да не помислиш на неа. Можеш и само за миг да погледнеш во некоја слика и потоа цел живот да мислиш на неа – пишува д-р Васко Шутаров за изложбата на Наумоска.

30 го комбинира значењето на две компоненти, ова се броевите 3 и 0. Познато е дека вибрацијата на бројот 3 значи спонтаност, енергија, ентузијазам, шарм и комуникација. Бројот 0 ја комбинира енергијата на бесконечноста, целината, почетокот, продолжувањето и завршувањето во исто време“, ќе каже една група од посветени нумерозолози за симболиката на бројот 30! Според друга, подеднакво убедлива група нумеролози, бројот 30 претставува идеална комбинација од креативност и комуникација. „Познато е“, велат од таа група, „дека овој број зрачи со харизматична енергија. Бројот 30 ја содржи моќната енергија на Јупитер во себе. Нулата го засилува креативниот талент на бројот Три!“.

Јас ќе напишам дека сме почестени што сме современици на Касиопеја, која несомнено е дел од она ѕвездено јато на прекрасни, талентирани и креативни сликари што Македонија ги дала, напиша отец Пимен по повод јубилејот.

– Пред да ѝ посакам на Касиопеја уште многу години плодна работа со многу испразнети туби боја и истрошени четки и шпакли и оставени подзинати фаци на нејзината публика, би сакал тука да ја споделам нашата конверзација за да го напишам овој текст. Кратка и искрена од двете страни.

– Другарче, ќе успееш да пишеш збор-два за изложбата?

– Ама тоа секако. Имам очи да видам што црташ, имам зборови да кажам што гледам, вели Шутаров.

Родена 1968 година, Касиопеја Наумоска дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Таа зад себе има триесеттина самостојни и повеќе од 120 групни и меѓународни изложби. Членка е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и добитничка на повеќе значајни награди и признанија како Остенов уметник на годината во 2015, на два пати највисоките признанија на ДЛУМ за мал формат, награда за сликарство- „Петар Мазев”….

За нејзиното творештво поодамна се вели „дека го одликува играта со формите на границата меѓу фигуративното и апстрактното, при што таа создава моќен ликовен израз во кој се испреплетуваат мотивите од секојдневието со оние од нејзината фантазија“. Сепак, она што е најсуштествено кај Наумовска се врутоците од емоции кои бликаат од платната и никого не оставаат рамнодушен.

„Првите 30“ е насловена изложбата на дела со кои одбележувате 30 години творештво. Колку дела се претставени на изложбата? Тешко ли беше да се направи селекција? И како ја правевете селекцијата?

Оваа изложба носи генерален наслов како Првите 30 години, доволна бројка да се оствари ваков тип на заокружување јубилеј по повод долгогодишно ликовно творештво. На изложбата се презентирани 42 дела, некој од нив се создадени пред многу години а се останато се нови слики кои за прв пат се изложени пред публика.

Селекцијата е неминовна, бидејќи барем по мое видување нема ни потреба да се презентира скоро се што сум насликала, прво од причина што голем дел од моето ликовно творештво е вон нашата земја, второ што така ќе се презасити просторот – галеријата а со тоа и смаиот консумент. Селекцијата ја правев исклучиво според сликите кои сметав дека треба да ги покажам како пресек на долгогодишна работа.

Да се биде уметник, значи да се верува во животот, е една од многубројните цитати која ја пренесува д-р Васко Шутаров во текстот посветен токму на оваа изложба. Што претставува за Вас уметноста?

Уметноста е неминовен дел од моето секојдневие. Не би знаела да ја повлечам острата граница до каде сега ќе сум автор и до колку саат а до каде не. Тоа е начин на живеење, размислување а попатно се решаваат останатите секојдневни обврски.

Како почнавте да ја сакате ликовната уметност? Дали од најмала возраст знаевте дека ќе биделе ликовен уметник?

Цел живот сум опкружена со уметност, но сепак без талент не би се пронашла дека припаѓам на тој свет. Неминовно беше да го одберам тој пат или пак патот ме одбра мене, инаку да, уште од основно училиште одев по ликовни натпревари и желбата да го продолжам тој пат само растеше.

Што Ве инспирира најчесто? Како тече процесот на создавање на едно дело?

Нема рецепт за инспирација, некогаш е побудена од музика, некогаш од поезија, најчесто од поривот дека чувствуваш потреба да се изразиш на јазикот кој и најдобро го владееш и користиш а тоа за мене е ликовниот јазик. Процесот е долг, ако се мисли уште од самата техничка припрема па се до стартот на првата нанесена четка со боја. После тоа следат многу часови сликање, размислување, пресликување се до оној момент кога си сам задоволен од постиггнатиот резултат.

Кој е Ваш омилен сликар? Дали некој сликар бил Ваш идол, па можеби и причина за Вашата определба токму за ликовната уметност како професија?

Листајќи ги своевремено светските енциклопедии за уметност постоеја многу сликари кој ми оставале впечаток, ме оставале без здив и сите оставале некакво влијание кон создавањето на личниот стил. Неблагодарно би било да одвојам еден двајца сликари, ги има многу и наши, коа велам наши мислам за од нашата земја, стари уметници а и мноу нови.

Планирате ли делата да ги претставите во странство?

Од овие дела поголемиот дел нема да бидат никаде на друго место изложени, но новите од помал формат во план е да се изложат оваа година во нашата аамбасада во Виена, како дел од културната дипломатија која е застапена последниве неколку години.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.