Во втората половина на месец септември 2023, театарски уметници од Македонија, учествуваат на Меѓународната театарска резиденција (Crossroads and Borders/Проект: Е.Т.Е.Р.И.А.) во Констанца, Романија (септември 2023).
На резииденцијата ќе учестуваат: Филарета Атанасова, театарска и филмска актерка, независен сектор, Наташа Петровиќ, театарска и филмска актерка, Симона Спировска, театарска и филмска актерка, Иванка Апостолова Баскар, визуелен драматург, креативен продуцент/режисер на видео театарски проекти.

На театарската резиденција уметниците ко-креативно ќе создаваат во рамките на Inter-community Labs и ќе ги претставуваат своите уметнички резултати.

Во рамките на резиденцијата ќе бидат прикажани и материјалите од новиот видео театарски проект на Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА – А-Ц-И-Н-С-Е-Л-А-К (видео монодрама – женска верзија – улога: Филарета Атанасова) и KRIEG (видео монодрама – машка верзија – улоги: Здравко Стојмиров).

Координатори и партнери на проектот Е.Т.Е.Р.И.А.: Italian Centre of the International Theatre Institute-ITI (Italy), in partnership with Theatro Tsi Zakynthos (Greece), National Archaeological Museum of Constanta (Romania), North Macedonian Centre of ITI (North Macedonia), Augmented and Virtual Reality Lab – Department of Engineering for Innovation of University of Salento (Italy).

Проектот е поддржан од ЕУ / Креативна Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.