Познатиот македонски ликовен и музички уметник, Игор Станоевски, заедно со уметниците Трајче Павлов, Боро Арсовски и Драган Милованов формираa ликовна колонија во склоп на Котон блуз фестивалот.
Со нивно учество, паралелно, за време на концертите, имаше и ликовно творештво, по што следуваше и изложба на делата.
Беа изработени 10 слики во различни варијации на ликови, теми и техники. Сите средства од продадените слики ќе бидат донирани.
Особено позитивно не изненади спонтаната интеракција со публиката која активно комуницираше со уметниците на сцена, истакнувајки особен интерес и задоволство. Во иднина би сакале да го прошириме форматот и да повикаме гости сликари и од други земји – Станоевски го споделува своето доживување на фестивалот.
Станоевски додава дека со такво нешто, оваа колонија ќе добие интернационален карактер, а целта е да се подобри квалитететот на презентација на делата, со придружни активности од типот на работилници и слично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.