AP(o)TEKA is DEAD !!!!!

Драги мои пријатели и поддржувачи на АП(о)ТЕКА….сите вие кои со месеци ме прашувате кога повторно просторот ќе биде отворен и кога ќе можете да поминете да си купите некоја музика или книга или некој сувенир. И сите оние кои со месеци ме прашувате што станува со вашите производи кои се оставени за продажба во АП(о)ТЕКА…..со Вашите пари кои повеќе од една година не ви се исплатени !!!!, напиша на својот фејсбук профил Тошо Филиповски.

Сега, драги мои, дозволете ми да ви одземам малку од вашето драгоцено време….и да ви одговорам….јавно !!!

АП(о)ТЕКА is DEAD !!!

За се понатаму, за вашите заробени пари и оставена роба…..обратете се директно на директорот на МКЦ !!!! Арбен Шаќири.

Жал ми е што овојпат, наместо со некоја убава вест со која би ја најавил промоцијата на мојата нова книга или пак вест за некои нови објави на винили или некоја изложба посветена на Mакедонската рок музика, го привлекувам вашето внимание (а се надевам ќе го привлечам и вниманието на соодветни ревизорски/инспекциски институции) изразувајќи го својот, до денес контролиран, РЕВОЛТ кон актуелниот (и поранешниот) директор на МКЦ и секако актуелната градоначаничка на Град Скопје (како институција под чија надлежност е МКЦ).

Иако се “борев” неколку месеци, најмногу самиот со себе, за да не мора да дојде до ваква јавна преписка. Иако упорно настојував и барав разговор со директорот, за да се надмине оваа ситуација, резултатите се никакви односно се видливи од овој пост.

Кој е, и зошто е мојот РЕВОЛТ. Најосновното, за кое го подигам својот глас, а ги повикувам и останатите коминтенти на АП(о)ТЕКА да го сторат истото, е НЕИСПЛАЌАЊЕТО на финансиите што МКЦ (како сопственик на АП(о)ТЕКА) ги должи према мене (Корпус Деликти Рекордс и Тошо Филиповски) (само и единствено врз основа на продадени производи (книги, плочи, ЦД-а)) а врз основа на регуларно издадени фактури во изминатата 2023та година и јануари 2024та…..односно за продадени производи пред повеќе од една година. Иако по договор се ДОЛЖНИ веднаш да биде направена исплата за продадените производи, односно по закон, најдоцна 3 месеци од завршување на договорот. Проблемите се појавуваат со доаѓањето на претходниот директор (безбедњакот), и овој (рокерот). Во 2 наврати (во изминатите безмалку 2 години), после мои предупредувања дека ќе морам да ја тужам МКЦ за неисплатени фактури (фактури чии рок на исплата беше поминат и повеќе од 6 месеци), уплаќаа по дел од тие фактури но никогаш во целост. И јас ги повлекував тужбите, со надеж (испадна наивност) дека ете, можеби ќе се реши ситуацијата. Но со тоа се затворија само фактурите од 2022ра и првата половина на 2023та година.

За се понатаму одговорот од обајцата беше, ТУЖИ бе…ми е гајле.

За да ви ја доловам подобро ситуацијата, како тоа функционираше АП(о)тека, и да му пообјаснам на актуелниов директор бидејќи и после шест месеци на функцијата НЕ ЗНАЕ дека истата не е моја сопственост ниту пак ми е дадена под наем туку таа е единица на МКЦ со која тој раководи и во која за соодветен процент од продажбата се продаваат прозводи на десетици правни субјекти и физички лица (поткрепени со договори за консигнациска продажба) и во целиот период од 7 години колку што постои АП(о)ТЕКА, секој еден што посакал да му се продаваат производи (книги, музички изданија, слики, фотографии, нараквици, маици, беџеви…и што уште не) во АП(о)ТЕКА можел да донесе свои прозиводи и да се продаваат. Неколкуте прекрасни госпоѓи кои работат на билетарата, истовремено ги продаваат и тие производи. Така и МКЦ остварува дополнителни, мали, но сепак приходи. А МКЦ со АП(о)ТЕКА доби уште еден оплеменет културен простор во кој наминува безмалку секој кој влегува во МКЦ….да зирне, да купи или само да си помуабети со некого.

И најголем дел од тие коминтенти, особено книжевни издавачки куќи, исто како и во случајот со мене, а можеби тие и поекстремно, со година/и чекаат да им биде исплатена продадената роба или да си ја повлечат онаа што е останата и за која не постои (веќе повеќе од година дена) валиден временски договор. Бидејќи безмалку 18 месеци, ниту им се обновуваат договорите ниту им се исплаќа продадената роба ниту смеат да си ги повлечат непродадените производи.

И сето ова е под ингеренции на директорот, некогашен и сегашен. Па така, под параванот на случувањата со отпуштањата на хонорарните соработници на МКЦ, во февруари годинава, формално заради почеток на изборен циклус и техничка влада, не се продолжија договорите за КОНСИГНАЦИСКА продажба на ниту еден коминтент на АП(о)ТЕКА. Ама кому да му се објасни дека ниту музичките изданија ниту пак книгите не се личности подложни на политички притисок и дека нивното продавање или не НЕ влијае на изборниот резултат. Или можеби влијае?

АП(о)ТЕКА, можеше и требаше да продолжи да работи, без никаков застој. Чинот на ставање клуч тогаш (решетките се сеуште спуштени), е ништо друго, освен самоволие на моменталното раководно лице во МКЦ, директорот. Патем, за продажба на овие производи се изготвуваше договор за продажба (заедно со спецификација) на година дена кој со доаѓањето на Детективот како директор се сведе на 3 месеци…..и со доаѓањето на последниот директор, тенденциозно се намали на месец дена. Оттогаш започнува систематското уништување на МКЦ, и на АП(о)ТЕКА. Се осмелувам да Верувам – намерно. Сега само се продолжува (не)делото.

Епа пријатели, барам ваша помош….од денес и официјално сум “посоветуван” од директорот дека нема да ме исплати….и нема да дозволи повеќе да фигурира моја роба во АП(о)ТЕКА и да си ТУЖАМ – ич око не му трепнувало. Можеби требаше ова да го направам пред 6 месеци, година дена или уште пред 18 месеци, но совеста не ми дозволи да го тужам МКЦ….бидејќи дознав дека директорите немаат никаква одговорност … институцијата е таа која ќе плаќа пенали (камати, судски трошоци, адвокатски трошоци, трошоци на извршител). Некако наивно се надевав дека се ќе се реши на легален, законски, фер начин. Ама сум се излажал…сериозно – на моја штета.

Ви препорачувам и Вам драги пријатели, дали заеднички – дали секој посебно, да поднесете тужба (така ме “советуваше” и сегашниот директор) кон МКЦ…..ако си ги сакате назад вашите производи односно финансии. Работата е отидена дотаму. 40 години сум присутен во МКЦ, најчесто како публика, но во последните 7 години и со свои производи во АП(о)ТЕКА и никогаш во животот не сум тужел некого…..за жал, со огромен гнев во себе…..ќе мора да го направам тој чин – кон МКЦ.

Со оглед дека се дрзнувам да си ги барам своите пари….за продадени книги и плочи во период од јули 2023 па заклучно февруари 2024, повеќе нема да ме среќавате во АП(о)ТЕКА, но тоа е цената на преживувањето/изживувањето.

Или како што вели сегашниот директор…..а ти пред шест години се потпиша на петицијата за да тогаш не бидам директор? Ете ….ти враќам сега !!!

Лесно им е на Директорите да мудруваат и тераат свои хирови, овој и оној…..кога за ништо не одговараат.

МКЦ е пред неофицијален банкрот….со безброј долгови пред бендови, фирми, уметници, издавачи…..и час поскоро мора институциите да преземат нешто и проверат каде се потрошени парите на изведувачите, издавачите, добавувачите.

Ако оваа ситуација, со овој директор потрае, судбината на МКЦ ќе биде иста како на Саем, Универзална……и останатите во градот….уништена или пред тотален колапс.

Пријатели НОВИНАРИ……време е да се позанимавате со МКЦ и “визиите” за уништување на МКЦ !!!!

п.с.Ве молам препорака за адвокат кој ќе ми помогне во подготовка на тужбата.

П.п.с. Се надевам оваа голгота со МКЦ нема долго да трае, и некој нареден, нормален градоначалник, ќе ги увиди трајно нанесените штети кон МКЦ, и за тоа ќе побара одговорност од одговорните лица. Оштетени се уште многу други, неисплатени побарувања на сите страни..бендови, луѓе, компании…но за тоа тие самите ќе си кажат. И ги охрабрувам да си кажат. Некои од нив мислам дека беа попаметни (без некакви емоции) од мене и од поодамна го натрупаа МКЦ со тужби.

Јас не можам да чекам повеќе на совеста на Директорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.