Денеска, на 9 мај, во 19 часот во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори студентска изложба од Факултетот за уметност и дизајн, Меѓународен Балкански Универзитет.
Во галеријата на Младинскиот Културен Центар посетитетелите ќе имаат прилика да видат студентски дела изработени во традиционални медиуми како дел од работните задачи на Факултетот за Уметност и Дизајн.
Изложбата претставува одбележување на соработката помеѓу двете институции и нивниот придонес во културната и социјална едукација на младите. Студентското претставување пред пошироката јавност ќе ги прикаже нивните креативни, иновативни и уметнички способности преку негувањето на традиционалните ликовни дисциплини како што е цртежот, графиката и сликарството. Оваа иницијатива ги поддржува младите уметници да продолжат да ги градат своите креативни идеи, како и одлична можност да се сретнат со публика и критика надвор од образовниот процес.
Изложбата е отворена до 14.05.2024 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.