Со изложба на театарски фотографии и преимера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица в петок ќе одбележи 75 години од постоењето.
Како што информираа од Театарот, изложбата на фотографии е со наслов „75 години НТ „Антон Панов“ од Сречко Гунчев, а постановката на драмата на Стефановски е во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а композитор е Сашко Костов.
Инаку, Струмичкиот народен театар почнал официјално со работа на 1 мај 1949 година, а прва претстава поставен на сцената била „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Димитар Колчаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.