Покрај учеството на најголемите домашни издавачки куќи, на годинашното издание на Саемот на книгата ќе има учесници и од регионот, Србија, Косово, Албанија.

Значајно претставување оваа година ќе има и Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со турскиот културен центар „Јунус Емре“. Во рамките на нивниот штанд се најавени многу активности со промоции и гостување на автори и уметници од оваа земја.

Саемот на книгата оваа година ќе се одржи од 3 до 9 мај во СРЦ „Борис Трајковски“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.