Во однос на обвинувањата дека со пари на граѓаните од Македонија се финансираат фестивали во Приштина или Тирана, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека станува збор за поддршка на учество на наши театарски ансамбли во Албанија или Косово на фестивалот „Мојсиу“.
Многу полесно се осудува, отколку да се побара логично објаснување, рече министерката за култура на денешниот брифинг, во врска со реакциите дека со Годишната програма се одобрени 30 000 евра за реализација на фестивал во Косово, од страна на Македонија.
Според Костадиновска- Стојчевска, таа сума е дадена за учество на Албанскиот театар од Скопје, гостиварскиот, кумановскиот и театарот од Тетово, на меѓународниот патувачки фестивал „ Моисиу“ , кој годинава ќе се одржи во Приштина, а идната во Скопје.
Се работи за нивно учество на тој фестивал, односно за учество на четири национални установи од Република Македонија . И тоа што е содржано во тие 30 000 евра се трошоците за патување, односно за тоа што им е потребно како сценски реквизит да го однесат таму, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска.
На брифингот со новинарите беа и претставници на овие театри кои потврдија дека средствата добиени од годишната програма се за нивното учество на фестивалите, а не за организаторите на тие манифестации.
Фестивалот „Меридијани“, кој оваа година се одржува по осми пат и кој наместо 6 милиони денари доби 1,4 милиони денари. Ние како организатори нема да се откажеме од организација на овој меѓународен фестивал кој трае 3 недели и на кој гостуваат театарски и балетски ансамбли, како и музички уметници и хорови од повеќе европски земји и од САД, рече Шкељзен Пајазити, претседател на Фестивалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.