Охридскиот среброрезец Боро Митрески-Минта денеска во Музеј на Македонија – Скопје ќе ја отвори својата прва изложба „Среброрез“ на тема 33 години од живеењето на Христос – Живот за спас на човештвото.

Митрески – Минта е познат и единствен резбар кој работи повеќе од 30 години со бакрорез, златорез и среброрез.

На неговата прва изложба ќе може да се видат 33 минијатурни експонати на тема „Богородица со Исус, Распетие Христово, Исус Христос…“

Изложбата ќе ја отвори македонскиот поет Ефтим Клетников, кој ќе каже неколку воведни зборови за изложбата која ќе биде отворена за посетителите од 6-ти до 10-ти април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.