На 12 февруари, во Кино Фросина, во Младинскиот културен центар, со почеток во 20 часот ќе се одржи перформансот „Срам“ на Ангела Стојановска.
За перформансот Стојановска вели:
Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе.
За уделот на својот перформанс во рамките на јавната дебата за телесноста и физичкиот изглед на жената Стојановска вели „Јас би била среќна ако создадам простор во кој ќе може да дискутираме за тоа дека начинот на кој изгледаме не нè прави ‘помалку’.“
Перформансот „Срам“ е развиван како авторски проект на Ангела Стојановска во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО – ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.