Објектот „Шар“, лоциран во Старата скопска чаршија, е срушен до темел, а во моментов на негово место никнува нов објект, без соодветно означена информација, којашто задолжително треба да се истакне на самата градежна парцела!, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Ги повикуваме сите надлежни субјекти да одговорат за какви градежни активности станува збор, имајќи предвид дека овој објект е во сопственост на Република Македонија и споменик на културата под заштита!?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.