Симон Трпчевски одржа концерт во струмичкото село Секирник во општина Босилово. После големите светски сцени тој го претстави проектот Македонисимо и пред публиката во родното место на неговата мајка. За него ова било најсоодветен начин за потсетување на големото музичко богатство на Македонија, но и на нашите корени.

Концертот се одржа на отворено, а во маестралните изведби на маестро Трпчевски и неговите пријатели имаа можност да уживаат неколку илјади посетители од целиот регион. За градоначалникот на Босилово ова е историски настан, но и пример кој треба да го следат сите големи уметници.

Со концертот во селото Секирник Симон Трпчевски и официјално ја стартува балканската турнеја на Македонисимо што ќе трае до октомври, а ќе ги вклучи настапите во Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора и Романија. Минатата година овој музички проект маестро Трпчевски го претстави и во струшкото село Збажди родното место на неговиот татко.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.