Стручното жири на 17-то издание на Меѓународниот фестивал „Јоакимфест“ во Крагуевац кој се одржуваше од 7 до 12 октомври 2022 година, од само двете награди кои се доделуваат, едната награда ја додели на Драмски театар Скопје.
Специјална награда на Градот Крагуевац се доделува на глумците на претставата во драматизација на Бранислава Илиќ, „My name is Goran Stefanovski“, во режија на Бранислав Миќуновиќ, во продукција на Драмски театар Скопје, Македонија, кој на високо професионално ниво со умешност вдахновено и емотивно изградиле различни ликови од делата на Горан Стефановски, вклопувајќи ги во хармонична целина на режисерскиот и драматуршкиот пристап кон делата на овој автор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.