Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе биде домаќин на 27. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, кое ќе се одржи од 24 септември до 9 октомври.

Фестивалот оваа година ќе се отвори со свеченото доделување на наградата „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев за неговиот особен придонес во комедијата. Истата вечер, Театар „Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Вечера за глупаци“.

Во текот на фестивалот, публиката ќе има можност да ужива во 11 претстави, меѓу кои „Секс, лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид, „Фустан за бегство“ на Драматичен куклен театар од Бугарија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, и „Ноќ спроти Водици“ на Театар Куманово, која ќе биде премиерно изведена на 8 октомври.

Фестивалот ќе заврши на 9 октомври со доделување награди за најдобри актерски и технички остварувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.