Солистите на Националната опера и балет од Тирана, Денис Скура и Марјан Јованоски од Националната опера и балет од Скопје, ќе гостуваат во операта „Боеми“ од Џакомо Пучини, која ќе биде изведена на 22 октомври на Големата сцена на Народниот театар во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
Со изведбата на Скур во улогата на Родолфо и Јованоски како Марсел, ќе започне имплементацијата на неодамна потпишаниот Протокол за соработка меѓу Србија, Албанија и Македонија во рамките на платформата “Open Balkan Theatre/ Театар Отворен Балкан“, кој е во насока на посилно поврзување на најважните национални културни институции, се наведува во соопштението на Народниот театар во Белград.
Директорот на Операта на Народниот театар, Никола Мијаиловиќ, најави дека по неколкугодишно отсуство од сцената на Народниот театар, изведбата ќе ја диригира Бојан Суѓиќ, кој во 2000 година ја диригираше премиерата на оваа поставка на „Боеми“.
За оваа прилика решивме оваа претстава да му ја посветиме на првенецот и тогашен директор на Операта на Народниот театар, Предраг Протиќ, кој ја режираше оваа и други претстави кои се уште се на репертоар, а кој нè напушти минатата година, изјави Мијаиловиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.