Со грант од филантропска организација од САД „Џ. М. Каплан Фонд“ од 300.000 американски долари ќе се конзервира Теодосијанската палата во археолошкиот локалитет Стоби.

Со директорот Спасе Перовски разговаравме и за реализација на проектите во Годишната програма за кои годинава Стоби е поддржан со 9.4 милиони денари.

Покрај тоа, на локалитетот продолжуваат и другите меѓународни проекти меѓу кои е и грантот во рамки на ИПА-програмата за меѓугранична соработка со Килкис од Република Грција, и проектот за унапредување на туристичкото искуство, преку грант на Европската Комисија, со шест други институции од регионот.

„Стоби“ е установа која е насочена кон модерните технологии во презентација на културното наследство за што сведочи атрактивноста на првата виртуелна апликација на Blink 42-21 / Блинк 42-21 , која овозможува виртуелно доживување на гладијаторските перформанси кои се одвивале на овој локалитет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.