Претставата „Така зборуваше Гертруда“ од Миа Николоска премиерно ќе се изведе вечерва во Драмски театар во Скопје на отворањето на новата сезона. Режисер на претставата е Ангелчо Илиевски, а во насловната улога е Соња Стамболџиоска.

Претставата „Така зборуваше Гертруда“ е крик за правда и крик за еднаквост, вели режисерот Илиевски.

Среќен сум и задоволен што успеавме да направиме претстава на која сите може да бидеме горди. Нашата претстава ја обраборува правдата и правдата гледана од повеќе аспекти – државна, општествена, божја правда, сето тоа поврзано преку еден судски спор кој се води против Гертуда. Преку тој судски спор се гледаат сите општествени аномалии и се детекрираат проблемите кои секојдневно не мачат, рече режисерот Илиевски.

„‘Така зборуваше Гертруда‘ е драма која како главна тема ја обработува правдата и што значи таа за секого во еден судски спор. Базирана е на вистинска приказна каде што свиња била дадена на суд бидејќи убила бебе.

Главниот лик Гертруда е одраз на надчовечкото, таа е симбол на мајчинство и пожртвуваност, таа е подоблесна од луѓето, а тие за неа се стока. Судскиот спор е прозорец кон корумпираноста и нееднаквоста, од судијата до сведоците, вели авторката Николоска.

Во останатите улоги се Григор Јовановски, Стефан Вујисиќ, Трајанка Илиева-Вељиќ, Дамјан Цветановски, Рубенс Муратовски, Александар Степанулески, Ана Димитрова, Анастас Тановски и Емилија Мицевска-Трајковиќ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Марија Пупучевска, а музиката на Дарија Андовска.

Следаната изведба на „Така зборуваше Гертруда“ е на први октомври.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.