Со филмска проекција на филмот “Човек од мермер“ на режисерот Анджеј Вајда во “Кино Манаки“ со почеток во 20 часот започнува манифестацијата “Недела на полски филм“.
Истата е во организација на ЈОУ Културен и информативен центар Битола во соработка со Кинотека на Македонија и со поддршка на Амбасадата на Полска во Македонија.
Во наредните шест денови битолчани ќе можат да проследат исто толку антологиски филмови од полската филмска продукција.
Влезот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.