Охрид многу добро го познавам, доаѓавме овде со семејството кога бев мала и ми се чини дека во овој град има еден велисенствен спој на култура и светилиште што мене лично многу ми значи, рече денеска Слобода Мичаловиќ, актерка во Југословенско драмско позориште која вечерва во претставата „Алиса во земјата на стравовите“ со која се затвора „Охридско лето“ ја толкува улогата на кралицата.

Овде се гледа дека публиката е негувана со години, доаѓа на убави претстави, посетува концерти. Така пред две години овде имав можност да претстава и се сеќавам дека публиката толку беше прекрасна и посветена што после изведбата останавме и разговаравме за  претставата, што не се случува многу често, рече Мичаловиќ.

Во пресрет на вечерашната изведба раскажа дека кога била млада актерка во Атеље 212 се играла претстава во режија на Александар Поповски и тие постојано оделе таму со надеж дека ќе успеат да го сретнат, дека како млади актери ќе успеат да влезат во неговиот видокруг и еве по неколку години подоцна игра во негова претстава.

Ова звучи како да не е вистина, но вистина е. Ние актерите обично правиме некаква бариера околу себе. Знаеме што очекуваме од себе и знаеме тие од спроти што очекуваат од нас и Александар сега нас ни ја сруши таа бариера и се она што сме учеле на академија се тоа -не важи. Може, но не мора…Се сеќавам на првата читачка проба за претставата кога ни рече: „Вие само скокнете, ова  е еден голем бунар и летајте, сигурни сте, долу јас ве чекам нема ништо страшно да ви се случи“. И тоа некако ми е мантра секој пат кога се подготвувам за некој проект, рече Мичаловиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.