Синдикатот на култура на Република Македонија (СКРМ) тврди дека поединци од Министерството за култура се закануваат со кривични пријави на директори од институции од културата доколку платата за месец март ја изготват со 12% покачување.

„Овие поединци со години наназад активно работат против средувањето на работите во културата, посебно откако е потпишан Колективниот договор за култура. Со ваквите постапки ја поткопуваат целата заложба на министерката за култура, која со својата работа одговорно и транспарентно се залага за културните работници и која после вчерашниот прес јавно објави за 12% покачување на платите во културата“, велат од Синдикатот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.