Скопје денеска ќе биде центар на танцовиот свет, каде на меѓународен танцов натперавар ќе настапат над 100-тина танцови двојки во повеќе старосни групи и над 200 соло изведувачи од Македонија, Италија, Бугарија, Србија, Грција, Естонија, Хонг Конг и од Хрватска.
Организатор на натпреварот, што ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански” е танцовиот клуб „Ритам Плус” од Скопје. Натпреварот е на календарот на Светската танцова федерација. Од земјава покрај организаторот, ќе настапат и танчери од клубовите: ТСК Степ АП, ТСК Линеа , ТСК Динамик, ТСК Прима Данца, ТСК Бранимир и Бранкица, Танцово студио Ребис.
Оваа јубилејна танцова манифестација ќе ги собере најдобрите натпреварувачи во повеќе танцови дисциплини.
Билетите се веќе во продажба, а на денот на натпреварот и на билетарата во СЦ Јане Сандански.
Настанот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.