Со претставата „Син“ на режисерот Дино Мустафиќ, работена по текстот „Син“ од трилогијата на Флоријан Зелер, а во изведба на Камерни театар 55 од Сараево (Босна и Херцеговина), вечерва во 20 часот во Драмски театар продолжува Фестивалот „РУТА“.
Претставата ќе се изведува со титл со превод на македонски јазик. Драматург е Ведран Фајковиќ, Ссценограф и костимограф: Адиса Ватреш Селимовиќ, композитор: Ирена Поповиќ. Улогите ги толкуваат: Адмир Гламочак, Давор Голубовиќ, Сабина Бамбур, Џана Пињо и Амар Селимовиќ.
Петмина актери од Камерниот театар 55 раскажуваат приказна за семејството, за депресивниот тинејџер, растргнат меѓу разведените родители, раскажуваат приказна за луѓето кои не прават ништо друго освен што се обидуваат да ги најдат вистинските зборови.
Добрата претстава, верувам, е претставата по која имате потреба да разговарате, да поставувате прашања, да анализирате и да дискутирате. По оние претстави што се извонредни може и долго да се молчи, да се седи во тишина, исто како по молитва, медитација или голема загуба. „Син“ е токму такво парче уметност, кое нѐ повикува на долга тишина и молк, но и на простување, смеа и плач. Дино Мустафиќ е режисер кој знае дека театарот е простор (и време) во кое имате можност, и привилегија, да се ставите во туѓата кожа, да прифатите туѓите искуства да станат ваши.
Гледањето на претставата, исто како и кога се чита книга, ни овозможува да бидеме јунаци, во туѓите чевли да осетиме радост, болка, љубов, страдање, страв, тага, осаменост… А оваа претстава ни дава прилика да бидеме, по сопствена желба и одлука, синови, татковци и(ли) мајки, вели Алмир Имширевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.