„Симбиоза“ е насловот на изложбата од Роберт Цветковски што синоќа беше отворена во Културно-информативниот центар во Скопје. Суштината на неговите текстурирани слики е изградена преку експериментирање со примена на современи технолошки методи, како карактеристика на новата постмодерна естетика. Оваа фаза е особено свесна за сводовите низ Македонија. Неговите лакови еволуирале во симболи кои го одразуваат неговото истражување на односот помеѓу уметникот и местото. Овие пораки дејствуваат за да покажат не само од каде е авторот, туку тие се и приказни за тоа како природата и Универзумот постојано го менуваат начинот на кој ги гледаме работите.
Цветковски (Куманово, 1965 година) дипломирал ликовна уметност на „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Реализирал 37 самостојни изложби и учествувал на повеќе од 200 групни изложби. Учествувал на над 40 ликовни колонии во Македонија, САД, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. Неговите дела се дел од приватни колекции во САД, Кина, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Франција, Германија, Австралија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија. Изложбата во КИЦ ќе биде отворена до 16 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.