Во галеријата „Остен“ е отворена самостојната изложба на слики од уметницата Ненси Тонг – „Едноставност/Сложеност“ во дијалог со дело на Марина Абрамовиќ од колекцијата на Остен Музејот.
Како што информираат од „Остен“, в петок на пладне во нивната галерија ќе се одржи разговор со уметникот.
Ненси Тонг, која доаѓа од Хонг Конг, е добитничка на наградата ОСТЕН на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на цртеж Скопје 2022 и првиот кинески уметник избран за финалист и добитник на награда на ОСТЕН Биеналето на цртеж.
За публиката моите слики можат истовремено да изгледаат статични и спонтано динамични. Чувството на меѓусебност, коегзистенција на состојба на сликовно рамниште, е соодветна претстава и на двојноста на моето културно воспитување и на заматените односи кои секој од нас ги проектира кон светот.
Мојата изложба ги истражува физичките и психолошките граници во дијалог со една од моите најомилени уметници, Марина Абрамовиќ, преку моите дела што ја поврзува мојата емотивна личност со нејзината инспиративна креативност, вели Ненси Тонг за својата изложба.
Оваа изложба претставува своевидна најава за програмските активности кои ОСТЕН ќе ги организира на 22 и 23 февруари во Чифте амам. Тоа е отворањето на официјалната изложба на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на цртеж Скопје 2022 каде ќе бидат изложени дела на околу 200 меѓународни уметници од 40 земји во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.