34. издание на Саемот на книга се враќа во редовниот, пролетен термин на одржување. Оваа година ќе се одржи од 3 до 9 мај, во Арена „Борис Трајковски“, под покровителство на Министерството за култура, кое традиционално ја поддржува оваа културна манифестација.
Сите значајни издавачки куќи најавија дека ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година, средби со автори, но и голем дел на промоции и попусти за време на саемските денови. Учество најавија и издавачки куќи од регионот.
Покрај враќањето на Саемот на книга во редовниот термин на одржување, се очекува да се вратат и групните посети за учениците и училиштата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.