На сцената на Националната опера и балет на 21 октомври 2022 со почеток во 20.00 часот ќе се изведе една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература, ремек делото на Винченцо Белини, „НОРМА“.
„Норма“ е трагична опера во два чина, најмногу се поврзува со магичната арија-молитва на Норма „Casta Diva“. Трогателна приказна за друидската свештеничка и нејзината саможртва во име на љубовта.
Под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценограф и костимограф е Флавио Арбети (Италија), коавтор на костимите: Марија Пупучевска, концерт-мајстор: Јане Бакевски , хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.
Во насловната улога ќе настапи Весна Ѓиновска-Илкова, во улогата на Полионе, Зоран Сотиров, во улогата на Адалџиза ќе настапи Сандра Митровска, во улогата на Оровезо, Владимир Саздовски, во улогата на Клотилде , Соња Пендовска Мадевска, во улогата на Флавио, Дејан Стоев, Деца: Василиј и Стефан Дашиќ.
Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.