КСП Центар – Јадро организира серија работилници и предавања под името „Кујна за критички и рецепти и нови вкусови“ кои ќе се одржуваат од 16 до 21 март.

Преку едукативниот процес на стекнување нови вештини, знаења и пристапи, учесниците на работилницата ќе имаат прилика да создадат комплексни уметнички содржини кои ги отфрлаат класичните формати на продукција и промовираат социјална ангажираност.

По оваа работилница, во април ќе биде распишан јавен конкурс за поддршка на четири проекти чија реализација ќе биде во периодот мај-декември 2022 година.

Работилницата е наменета за сите кои сакаат да зготват свој критички рецепт во нашата кујна на нови вкусови. Исто така, во неа може да учествуваат сите мотивирани, локални уметници кои сакаат да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност.

„Работилницата е наменета за сите кои имаат желба да создаваат свои уметнички проекти кои ќе водат кон зголемена критичката свест и позитивна социјална трансформација. Работилницата е наменета за сите кои сакаат да научат како да ја аплицираат својата уметност надвор од музеите и галериите. Работилницата е наменета е за креативци кои сакаат да творат во областа на животната средина, аниткорупцијата, човековите права, социјалната правда и други актуелни теми. Работилницата е наменета за сите кои сакаат да придонесат за проактивност на заедницата во насока на отварање и решавање на проблеми и прашања на микро ниво“, стои во повикот.

Предавачи на работилниците ќе бидат истакнати уметници кои што имаат долгогодишно искуство во социјално ангажираната уметност: Драган Протиќ и Јелена Вуксановиќ.

За учество потребно е да се пополни пријавата на следниот ЛИНК. Краен рок за пријавување е 10 март 2022 година.

Избраните учесници ќе бидат навремено информирани по завршување на рокот за пријавување. Присуство на работилницата ќе се смета за предност, при изборот на проектите чија реализација ќе биде во периодот мај-декември 2022 година.

Со цел безбедно и непречено одвивање на планираните активности, избраните учесници, пред почетокот на работилницата ќе треба да прикажат еден од следниве документи:
• сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19;
• сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
• медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа претходно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.