Во салата на Советот на општина Центар, на 15 октомври (сабота), КСП Центар Јадро организира дводневна работилница „Критичка материја и материја на критика: експериментално пишување преку феминистички и пост-хуманистички партиципативен уметнички пристап“ под раководство на Егле Амбрасаите од Литванија.
Ова работилница го означува циклусот на работилници во кој ќе се мотивираат младите критичари и теоретичари преку едукативниот процес да стекнат нови вештини, знаења и пристапи спроведени преку предавања и работилници на истакнати критичари и теоретичари.
Учесниците ќе се поттикнат да мапираат релевантни уметнички проекти а потоа и да напишат свои критички осврти или есеи за овие дела и на тој начин да го вратат во јавната сфера критичкото промислување и диалог кој толку многу недостасува кај нас.
Преку работилниците за критичко пишување целиме кон тоа да ги обучиме учесниците да ги забележат и социјално-политичките односи во едно уметничко дело и каков и колкав е изгледот на тоа дело да отвори прашања, дебата и помеѓу тие што не се обично сметани како артистичка публика. Фокусот од естетските иновации и формалната софистицираност во едно уметничко дело ќе се пренасочи во насока на релационата естетика и комуникациската субверзивност.
Водачката на работилницата Егле Амбрасаите во најавата за работилницата вели: „Во оваа работилница ќе разговараме за односите на човештвото со неговата другост и како тие се меѓусебно поврзани со различните форми на нееднаквост и односи на моќ, како на пр пол/род, маскулинизам/феминитет, раса и класа, како и политичка екологија. Тоа ќе го направиме повикувајќи се на списите на Хелен Сиксо, бел хукс, Глорија Анзалдуа, Сувендрини Перера, Астрида Нејманис и уметничките дела на Џуди Чикаго, Марта Рослер, Хито Стејерл, Џејсон ДеКаирес Тејлор, Сања Ивековиќ, Јоко Оно, Патриша Пичинини и многу други. Ова ќе биде проследено со колективното читање и собирање на органски и синтетички материјали (материја на критика). Потоа, во нашата пракса ќе ги имплементираме методите на „практикување заедништво“: забавеност, дишење, чувство на енергија, споделување и грижа. Рефлексија со помош на материјата и со експериментирање со нови начини на учење, правење и споделување знаења, ќе создадеме кратки експериментални и критички напишани дела инспирирани од собраните материјали. И текстовите и материјалите подоцна ќе бидат дел од нашата мала изложба“.
Егле Амбрасаите може да се лоцира на место резервирано за интердисциплинарна уметност: таа е и уметница, кураторка и теоретичарка. Нејзините интердисциплинарни студии – диплома за филм, видео и интерактивна уметност (Универзитет Мидлсекс, Лондон), магистерски студии по политички науки (Витаутас Магнус Универзитетот, Каунас) и нејзиното тековно докторско истражување за родови студии (Универзитет на Централна Европа (ЦЕУ), Будимпешта/Виена) – ја трансформираа нејзината уметничка работа во предизвик, современ и критички медиум кој се кристализира во јазикот на визуелната уметност (видео/скулптура/инсталација), различни форми на критички текстови и есеи и нејзината кураторска практика за Програми во Лабораторијата Аикас Жадо (Куќата Жемиаи Манор). Во моментов, нејзиниот главна уметничка и кураторската практика гравитира околу темите за љубовта, нежноста, токсичноста и телата/отелотворувањата. Нејзините теоретски интереси ги опфаќаат родот, биополитиката, доцниот социјализам и постсоцијализмот, теоријата на афектите и темната екологија.
Бројот на учесници е ограничен.
Сите заинтересирани треба да го пополнат следниот формулар: https://docs.google.com/…/1Jimjv5iEI56aCzdlixI5Mrm…/edit
Рокот за пријавување за учество во проектот е до 12.10.2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.