„Литера“ го најавува првиот Саем на литература за деца, кој ќе биде дел од шестото издание на Фестивалот што ги слави и промовира квалитетната литература и илустрација за најмладите читатели. Овој важен настан ќе биде место каде што децата ќе можат да се запознаат со своите омилени автори и илустратори, да учествуваат на различни промоции и работилници и да си купат книги потпишани од авторите.
Идејата не е само да го прославиме богатството на литературата, туку и да влијаеме врз развојот на децата и нивната едукација. Преку Саемот на литература за деца, книгата станува достапна и привлечна за младите читатели, стимулирајќи ги да ја разгорат својата желба за читање и истражување на светот на зборовите и илустрациите“, вели Ема Ќипроска, програмски менаџер на Фестивалот „Литера“.
Идејата е преку саемот домашните автори, илустратори и издавачи да добијат уште една можност за промоција на своите дела, а читателите на едно место да можат да ја видат понудата на литература за деца.
Мисијата на „Литера“ е да ја поттикне љубовта на децата кон книгите и сликовниците, како и да ја развие нивната креативност преку работилниците што се организираат во рамките на Фестивалот.
Саемот за литература на деца ќе се одржи од 15 до 18 мај, односно во сите денови за времетраењето на Фестивалот. Покрај тоа, годишново издание на „Литера“ ќе понуди изложби, работилници, конференција. Земја во фокусот е Турција, од каде ќе гостуваат тројца еминентни илустратори, кои ќе одржат мастер класови.
„Литера“ е меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца кој годинава ќе се одржи по шести пат. Се гордее со портфолиото од успешни изложби што ги организира, привлекувајќи голем број посетители и влијателни гости од целиот свет. Од македонски доајени во илустрацијата, како и изложбата на Кондовски, до бројните странски илустратори кои го посетиле Фестивалот,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.