Вечер на француска музика со „БОНА ДЕА“ е последниот настан од многубројните активности кои Францускиот институт-Скопје ги реализираше во рамките на прославата на Франкофонијата. Во винскиот бар „Калдрма“ ќе прозвучат француските шансони и филмска музика вечерва од 19. 30 часот.
« Je veux » и ја имате веднаш мелодијата во глава, нели?
Го гледате ли „Животот во розово“?
Што велите за еден танц со мелодијата на Амелија Пулен?
Ве каниме на супер забава со француски шансони и со денешна француска музика во изведба на групата Бона Деа.
Ајде на забава, ја затвораме прославата на Франкфоонијата за оваа година!, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.