Во Порта Македонија, вечерва во 19 чсот, ќе биде промовиран Зборник на трудови поднесени на Меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“, одржан во Лазарополе, родното село на македонскиот поет, академик Анте Поповски.
Печатењето на Зборникот е реализирано во рамките на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.
Во Зборникот се објавени трудови од академик Катица Ќулавкова (МАНУ), проф. д-р Ала Шешкен од МГУ „Ломоносов“ од Москва, Руска Федерација, член на МАНУ надвор од работниот состав, проф.д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ, проф. д-р Кристина Николовска, проф. д-р Емилија Црвенковска, проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, проф.д-р Бојан Ортаков, Филип Фиданоски, (во моментот на печатењето на Зборникот работеше како м-р на Универзитетот на Нов Јужен Велс Кенсингтон Сиднеј, Австралија, а сега е д-р при Универзитетот во Болоња, Емилија-Ромања, Италија), м-р Бранко Цветкоски, м-р Сузана В. Спасовска, м-р Александра Јуруковска и асс. м-р Иван Антоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.