Утре, на 9 мај, во 12 часот на Саемот на книга кој е во тек ќе биде промовирана книгата на уметницата Јана Манева Чупоска „Естетските и структуралните осоености на македонските народни носии, со посебен осврт на мијачката носија и нивните трансформации во современиот моден дизајн“ во издание на АД ВЕРБУМ.
Книгата е докторски научен труд кој го одбранив уште пред шест години. Објавен е со финасиска поддршка на Министерство за култура како проект од национален интерес за 2023 година, вели Манева Чупоска.
Промотори на книгата се проф.д-р Зоранчо Малинов од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и Снежана Богдановска – Сани моден новинар и моден критичар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.