Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид утре – среда во 12.00 часот ќе биде промовирана книгата „Стихописани слики“ од роднокрајниот автор Митко Ц. Колјушевски.
Митко Ц. Колјушевски е роден 1949 год. во Охрид. По професија – Водител на процеси во М.М. Насока (во пензија). По вокација музичар (пеење, гитара, тапани и др. Ударни инструменти). Автор е на песните,,Стариот Фенер” ,,Охридски стари трубадури”, ,,Месецот ти плете коприна“…
Се потпишува на аранжманот на повеќе македонски народни песни. Колјушевски е еден од основоположниците и долгогодишен член на ансамблот за староградска музика „Самуил“ и групата„Цар Самуил“.
Има издадено две збирки со текстови од македонски народни и обнародени песни: – ПЕСНА ТИ ПЕАМ МАКЕДОНКО – МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ-РОСНО КОКИЧЕ Застапен е во повеќе алманаси и поетски збирки, а „Стихописани слики“ му е прва самостојна збирка песни.
Промотор ќе биде рецензентот на стихозбирката писателот Мирко Томовски. Тој во својот рецензентски текст ќе напише: Четириесет и петте творби,преку мноштвото директни насочувања, создаваат поетско дело како суверен сведок за идентитетот, традицијата, културата и уметноста, сите собрани во љубовта и тоа не само во еден културен контекст како нашиот, туку и како светско колективно добро, при тоа овозможувајќи да се комуницира со едно уметничко видување како документ на реалноста, сѐ со цел да ги активира најпасивните механизми за восприемање на носталгичноста и љубовта.
Промоцијата ќе ја води и стихови ќе чита поетесата Маја Мојсова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.