Во петок, на 3 јуни 2022, со почеток од 12 часот, во Галеријата при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се оддржи ексклузивна промоција на Романот на годината за 2021. Наградата Роман на годината ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ и се доделува по 23 пат. Добитник е романот “Денот на црвот“ од Симона Јованоска. Издание на издавачката куќа „Или – Или“.

Наградата “Роман на годината“ е најзначајно македонско литературно признание.

За наградениот роман ќе зборуваат промоторката Ноне Ноциќ, Претседателот на Фондацијата „Славко Јаневски“ Ѕвездан Георгиевски, претставник на Издавачката куќа „Или – Или“ и секако авторката Симона Јованоска. На самата промоција ќе бидат достапни по симболична цена примероци од романот, за кои со авторска посвета ќе се погрижи самата авторка Симона Јованоска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.