Во научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија“ – МАНУ, вечерва ќе биде промовиран лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов.
Како што соопштија авторите, во лексиконот, на речиси 400 страници се претставени биографиите на 246 странски сликари и 590 фотографии од нивните дела создадени во нашата држава во периодот меѓу 1850 и 1950 година.
Овие ликовни дела – акварели, бакрорези, цртежи, графики, илустрации, се инспирирани од луѓето, градовите, пејзажите, обичаите или од историските настани кои се случиле во Македонија, во втората половина на 19 и првата половина на 20 век – се наведува во информацијата.
Во рамките на промоцијата на лексиконот, ќе се одржи изложба на слики од приватната колекција на Влатко Милошевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.