Новата книга за деца и млади „Музеј на детството“ од авторката Алма Растодер ќе биде промовирана вечер во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“.
„Музеј на детството“, која е дел од едицијата „Либи тин“, е прозна сложувалка, колаж, пачворк од повеќе приказни за детството во различно време и од различни простори, врзани меѓу себе, допрени во една определена точка или сосем самостојни. Она што ги обединува во целина и што овозможува да ги читаме и како фрагментарен роман за млади е можноста личните приказни да се сфатат како книжевни експонати во замислениот музеј на детството, што е и носечката идеја при раскажувањето.
Алма Растодер е родена на 01.07.1986 година во Скопје. Дипломирала на катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Уредник е во списание специјализирано за трговија со стоки за широка потрошувачка. Пишува поезија и проза.
Книгата „Музеј на детството“ е достапна онлајн преку www.literatura.mk. и во сите книжарници на „Литература.мк“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.