Институтот за национална историја денеска со почеток во 11.30 часот, ќе одржи промоција на најновото издание на Меѓународното научно списание „Гласник“ на (Двоброј за 2021 година).
Промотор на изданието е проф. д-р Наташа Котлар – Трајкова.
На платото пред влезот на Институтот за национална историја ќе се одржи и промоција на Зборникот на трудови од Mеѓународниот научен симпозиум одржан по повод 70 години од основањето на Институтот за национална историја – Скопје „Балканската историографија и современите предизвици.
За ова издание промотивна реч ќе одржи проф. д-р Драги Ѓоргиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.