Професори од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” од денеска до 30 септември 2022 година во Цавтат, Република Хрватска, ќе учествуваат на глобалната научна конференција „Како да се соочиме со несигурности во сè посложена средина: нова картографија на ризици и кризи”. Форумот е во организација на Центарот за анализа на ризици и управување со кризи (ЦАРУК) од Белград, Хрватско здружение за меѓународни студии (ХУМС), Загреб, Факултет за криминологија, криминологија и безбедносни студии на Универзитетот во Сараево, Филозофски факултет (Институт за безбедност, одбрана и мир) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и Институтот за стандардизација на Србија (ИСС).
Во еден многу хаотичен период во меѓународните односи, полн со турбуленции кои имаат силно влијание не само врз Хрватска, туку и врз земјите од нејзиното регионално опкружување, организаторите решија да го афирмираат дијалогот со цел научно и стручно да ги анализираат актуелните пристапи кон управување со современите ризици и кризи со цел да се мобилизираат државните институции, како и општествата во целина за соочување со постоечките и евентуално нови предизвици и закани. Имено, специфичната природа на настаните кои го погодија светот во последните децении им наметнаа различни предизвици на научниците, академската јавност, креаторите на политики, бизнис лидерите и носителите на одлуки.
Овие предизвици се цивилизациски, културни, геополитички, здравствени, економски, правни, безбедносни итн. Затоа, потребата од промена на парадигмата во управувањето со ризици и кризи е повеќе од очигледна. Како да се подобри способноста на целото општество за предвидување, спречување, подготовка, одговор и закрепнување од кризи и која е пораката до следната генерација научници, експерти и лидери, се темите на конференцијата „Како да се соочиме со неизвесностите во сè покомплексна средина: нова картографија ризици и кризи”.
Со поздравно обраќање на д-р Јадранка Половиќ, претседател на ХУМС и проф. д-р Зоран Кековиќ, претседателот на ЦАРУК, како организатор, воведни излагања ќе имаат и проф. д-р Влатко Цвртила, ректор на Универзитетот Верн, проф. д-р Крешимир Павелиќ, Медицински факултет Пула и Кристијан Фједер, Фински институт за меѓународни односи, Хелсинки.
Конференцијата е програмски поделена на пет панели. За утре се предвидени панелите Геополитички и безбедносни ризици во контекст на украинската криза, која ќе јамодерира проф. Јасмин Ахиќ; Заштита на критичната инфраструктура, проф. д-р Роберт Микац); Меѓународни стандарди и стандардизација (безбедност и отпорност), проф. д-р Татјана Бојаниќ. Панелите закажани за 30 септември се – Пандемии и епидемии, модератор: доц. д-р Јадранка Половиќ, и Еколошки и енергетски предизвици, модератор проф. д-р Ратко Дуев.
На конференцијата ќе и претходи дводневна работилница: „Управување со кризи во XXI век”, организирана од Центарот за анализа на ризици и управување со кризи и Лондонскиот институт за стратегиски менаџмент на ризици, чии предавачи се истакнати регионални и западноевропски експерти за ризици и управување со кризи, информираат од Филозофскиот факултет во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.