Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје по повод својот 79. роденден ќе ја презентира Дигиталната колекција Анте Поповски. Проектот е во соработка со семејството и Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски – Антево Перо, соопштија од библиотеката.

Дигитализирањето на творештвото на Поповски, како и целокупната дигитална платформа, велат од Градската библиотека, се од особено значење за афирмација на македонската култура и јазик и нивна поголема достапност до студентите, истражувачите и академската фела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.