Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид го прими директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски.
На средбата претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековната работа на МНТ и подготовките за новата сезона 2024/2025, која ќе биде означена во септември, со свечено отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“.
Директорот Кимовски ја информираше претседателката Сиљановска Давкова за предвидената програма на настанот, кој ќе се одвива во периодот од 17 септември до 1 октомври и ќе опфати популарни театарски претстави и познати музички изведувачи од македонската сцена.
На средбата се разговараше и за престојниот јубилеј – 80 години МНТ, што ќе биде одбележан во 2025 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.