Во Театар Комедија вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Женска гардероба“ во режија на Наташа Поплавска, по текст на современиот чешки автор Арношт Голдфлам.
Станува збор за пиеса која ни ги раскажува приказните на четири актерки на различна возраст, кои сакаат различни нешта, но она што ги спојува и ги врзува е нивната заедничка гардероба зад сцената, и театарот воопшто, со сета негова магија и страст, информираат од Театар Комедија.
Улогите ги играат актерите Жаклина Стевковска, Жаклина Петровска Милјановска, Ева Скендеровска, Тања Мицков и Тони Денковски. Автор на музиката за претставата е Ристо Вртев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска Угуровска, сценограф е Војдан Запров, а дизајнер на светло Милчо Александров. Асистент на режија е Иван Вртев, а драматург е Благица Секуловска.
Комедијара е во продукција на Театар Комедија, Амбасада на Република Чешка, МА2К Invest S.P.O. и SOR Libhavy OOD.
Првата реприза на претставата е на 28 октомври, а следна изведба на „Женска гардероба“ е на 1 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.