Вечерва, во 20 часот, во Музејот на современа уметност – Скопје со физичко присуство, предавање ќе одржи уметникот Сеад Казанџиу на тема „Функцијата на идентитетот во современата уметност“.

Разговорот со уметникот ќе го води Артан Садику, информираат од МСУ.

-Сеад Казанџиу е еден од уметниците, чии дела ќе бидат изложени на претстојната изложба „Се што ни е заедничко“, организирана во МСУ – Скопје заедно со Меѓународното биенале – Манифеста и ќе биде отворена на 8 ноември. На ова предавање и преку делата на Казанџиу ќе разговараме и истражуваме како прашањата врзани со идентитетот се карактеристични во современата уметност денес. Дали идентитетот е ограничување во однапред определен опсег или отвора неограничен простор за истражување кон зголемување на видливоста на гласовите што не можат да се слушнат. Како се политизираат малцинските наспроти доминантните идентитети? Дали современата уметност денес станува премногу оддалечена од традиционалните идентитети така што ја раскинува врската со еманципацијата? – велат од МСУ во описот за предавањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.