Музејот на современата уметност – Скопје продолжува со предавања под наслов „Без/редие во светот на уметноста“. Денеска, во 19 часот, со физичко присуство ќе се одржи предавање на Аманда Боеткис, теоретичарка на современата уметност и естетика и професорка на универзитетот „Гуелф“, Канада.
Предавањето насловено „Реализам без авторитарност: современата уметност во поствистината“ се однесува на естетиката на реализмот во современaта уметност, конкретно на реализмот во ерата на поствистината, различно откако овој уметнички стил и политички императив се поjaваувал во текот на 19 век. Преку истражување на делата на форензичка архитектура, Мона ал Кадири, Џулијан Шариер и Теранс Хоул, предавањето ќе овозможи приказ на современиот реализам, каде што се надминува поделеноста на субјективноста и објективноста во доменот на реалноста, особено во ерата на поствистината, како и можноста во уметноста да се употребува реализмот како отпор кон авторитарноста над сликите и визуелните репрезентации.
Боеткис е авторка на значајни изданија. Нејзиното истражување се фокусира на односот помеѓу перцепцијата и претставувањето, теориите на свеста и екологијата. Преку нејзините публикации, Боеткис ги анализира сложените односи на човекот со животната средина преку призмата на естетиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.